Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен да плати дури 60 милиони евра за 17-годишниот играч од средниот ред на француски Рен, Едуардо Камавинга.
Според пишувањата на шпанските спортски весници, стратегот на „Кралскиот клуб“, Зинедин Зидан младиот француски репрезентативец го гледа како замена за Каземиро.
Камавинга е роден во Ангола, но неговото семејство се преселило во Франција кога имал само две години. Фудбалскиот пат го започнал во Драпо-Фугер, а во 2013 година се преселил во младинскиот погон на Рен.
За екипата од „Роазон Парк“ дебитираше со 16 години и четири месеци, станувајќи најмладиот играл во историјата на клубот кој заиграл за првиот тим на официјален натпревар.
За Камавинга интерес покажуваат и Борусија Дортмунд, Барселона, Арсенал, Тотенхем и Баерн Минхен.