Овој колач може да го служите како предјадење или како главно јадење. Рецептот е за 4 до 6 лица, а ќе ви бидат потребни само 20-тина минути за да го подготвите.
Состојки:
- 5 грама путер (за премачкување)
- 3 јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша стопен путер
- 3 чаши пченично брашно
- 1 пакетче сув квасец
- 80 грама сирење
- 2 парчиња шунка
- 100 грама смрзнат грашок
- Сол
- Црн бибер
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
– Плехот премачкајте го со путер.
-Во поголем сад ставете јајца. Додадете јогурт и стопен бутер. ИЗмешајте добро, па потоа додадете го брашното и квасецот. Мешајте повторно додека да добиете еднаква смеса.
-Додадете ја шунката што претходно сте ја исечкале на ситни парченца и грашокот додека сеуште е смрзнат.
-Ставете ја смесата во претходно намачканиот плех со путер и печете околу 30 минути.