Ова е хранлива и вкусна салата што едноставно мора да ја пробате.
Состојки:
1 кг компири (варени и излупени)
сок од 2 лимона
2 глави на црвен или жолт кромид
1 кисела краставичка
2 црвени јаболка
масло, сол, црн пипер
1/4 лажичка шеќер
кромид за декорација
Подготовка:
- Варените компири и кромидот се сечат на парчиња, се посолуваат, се става масло, потоа се додадаваат сецкани јаболка и кругчиња кисела краставичка.
- Ставете сок од лимон, бибер, додадете малку шеќер, добро промешајте, оставете да се олади и сервирајте.
- Можете да декорирате со сечкани ливчиња.