Оваа едноставна пица со домати и со сирење е мошне едноставна за подготвување, а ќе ви бидат потребни 20-тина минути.
Исто така, можете да користите готово тесто за пица, или пак да го подготвите сами.
Состојки:
- 3 големи лажици маслиново масло;
- 450 грама домати, по можност отстранете ги семките и исечете ги на тенки кришки
- 3 тенки парчиња козјо сирење
- Свежи листови босилек
- Подготовка:
Подгответе го тестото за пица, како што ви е објаснето во овој рецепт.
Пуштете ја рерната да се загрее на 230 степени Целзиусови. Стевете го тестото во плех што претходно сте го премачкале со масло и сте го напрашиле со брашно.
На пицата распоредете ги доматите и козјото сирење и печете околу 5-10 минути.
Премачкајте со малку маслиново масло и декорирајте со листови босилек.