Рецепт: Пилешко во јогурт и сенф за вистински гурмани

Ако не сакате многу да готвите и да подготвувате јадења, овој рецепт веднаш ќе го засакате затоа што е мошне едноставен, а  вкусот и мирисот се фантастични. Само треба внимателно да ги следите упатствата и да уживате во вкусен ручек!

Состојки:

  • 300  грама пилешки гради (бело месо)
  • 1 немастен јогурт
  • 1 мала лажичка сенф
  • Малку сол и бибер
  • Магдoнос
  • 1 мала лажичка куркума
  • Неколку семки коријандер

Подготовка:

Пилешкото филе (без кожа) се сече на коцкички и се пече околу 5 мин во тава без маснотии. Повремено протресете ја тавата за пилешкото да се испече подеднакво.

По ова налејте јогурт, додадете сенф, сол и бибер, како и куркума и малку здробени семки коријандер. Промешајте па динстајте и понатаму на умерена температура додека целата течност не зоврие уште околу 5 минути.

Пред самиот крај на динстањето додадете ситно исечкан магдонос.

Ова пилешко може да го послужите со прилог од ориз или некоја освежителна летна салата.