
Подгответе вкусен, освежителен десерт со малини. Освен со малини овој ролат можете да го подготвите и со јагоди или со некое друго шумско овошје…
Состојки:
- 4 јајца
- 200 грама шеќер
- 70 грама брашно
- 40 грама густин
- 3 кесички желатин
- 300 грама смрзнати малини
- 300 грама сирење
- 200 мл слатка павлака
- Лажица сок од лимон
Подготовка:
- Загрејте ја рерн ата на 200 степени Целзиусови. Разделете ги жолчките од белките. Изматете ги жолчките со 4 лажици врела вода и 70 грама шеќер. Изматете ги белките и 30 грама шеќер, па измешајте ги со жолчките. Додадете брашно и густин. Разлејте го на плех со хартија за печење и печете 15 минути.
- Ставете го пандишпанот на чиста крпа и росејте со шеќер, па одлепете ја хартијата. Завиткајте го во ролат.
- Подгответе го желатинот. Малините испасирајте ги. Измешајте го сирењето, половина пире од малини и 100 грама шеќер. Изматете ја павлаката.
- Загрејте го сокот од лимон, растопете 2 кесички желатин и во тоа измешајте во крем сирењето, заедно со павлаката.
- Премачкајте ја кората со кремот и повторно завиткајте ја во ролат. Премачкајте го ролатот со остатокот од пирето измешано со желатинот подготвен според упатството на кесичката.