Нема празници без руска салата, но има руска салата без шунка и мајонез. Некои ја викаат француска салата, некои салата Оливиер… Еве го рецептот како да ја подготвите:
Состојки (за 4 лица):
200 гр морков
200 гр грашок
200 гр кисели краставички
5 варени белки од јајце
100 гр компир
50 гр павлака
50 гр јогурт 3, 2 %
1 лимон
Сол по желба
Бибер по желба
Подготовка:
Измиениот неизлупен зеленук сварете го во малку насолена вода и брзо изладете го. Јајцата треба да се сварат и да се оладат. Од јајцата отстранете ги жолчките, а белките исечкајте ги на коцкички во големина на зрнио грашок.
Зеленукот ислупете го и исечкајте го на коцкички со големина на грашок, а истото направете го и со краставичките.
Во сад измешајте ги коцкичките зеленчук, јајца, кисели краставички и грашокот. Се заедно треба да се зачини со сол, бибер и сок од лимон.
Салата се поврзува со павлака и јогурт и се остава во фрижидерот да се олади, како и за да се спојат вкусовите.
По желба можете да додадете и дел од жолчките исечкани на коцкички.