
Станува збор за мошне освежителна салата со богат вкус. Еве како да ја подготвите оваа салата од ротквици и павлака.
Состојки:
- ½ кг ротквици
- 200 грама краставици исечкани на кругчиња
- Сок од 2 парчиња лимон
- 400 мл павлака
- 2 лажици исечкан магданос
- Сол и бибер по вкус
Подготовка:
- Ротквиците треба добро да се измијат и да се исечат на тенки парчиња. Краставицата прелејте ја со сок од лимон па потоа додадете ја на ротквиците.
- Се измешајте со павлака, додадете сол и бибер. Декорирајте со копар и добро промешајте.