Рецепт: Слатко од јагоди

 

Еве еден старински рецепт за тоа како да подготвите вкусно слатко од јагоди.

Состојки:

  • 800 грама јагоди
  • 800 гр шеќер
  • 1/2 лимон (по избор)
  • 200 мл вода

Подготовка:

Шеќерот ставете го во сад и додадете вода. Ставете на шпорет да зоврие и додадете јагоди.

Варете ги јагодите и повремено протресувајте го тенџерето.

Кога слаткото е сварено се појавуваат густи бели меурчиња.

Ја собираме пената од слаткото и го покриваме со влажна крпа да се излади целосно, а потоа го ставаме во тегли.

На овој начин слаткото може да издржи 2-3 години и не треба да додадете нешто (винобран или конзерванс).