Тирамису е италијански десерт, а во книгата „Рецепти и Мемоари“, славната актерка Софија Лорен дала и рецепт за овој десерт.
СОСТОЈКИ:
-
- 180 гр маскарпоне сирење
- 80 гр црно чоколадо
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 40 пишкоти
- 250 мл инстант кафе
- 250 мл ликер од портокал
- 60 гр какао
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Разматете жолчки со шеќер, а во посебен сад измиксајте белки додека не добиете цврста смеса.
- Во смесата од жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа додајте снег од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги и навлажнете ги со ликер и кафе.
- Преку ставете ја смесата со маскарпоне сирење и нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја додека не го потрошите материјалот и на крај додајте какао.