Речиси 30 отсто од бразилското злато е илегално

Околу 28 отсто од извозит на бразилското злато во 2019 и во 2020 година веријатно потекнува од илегалните рудници, покажува извештајот на јавните обвинители и на Федералниот универзитет Минас Жераиш, што укажува на широко распоространето фалсификување документи и недостиг од ефикасно спроведување на законот.

Извештајот покажал знаци за незаконитости во врска со 48,9 тони злато во периодот од двете наведени години.

Илегалните рудари во Бразил често вадат злато од областите на коишто не е дозволено рударството, како што се заштитените природни резервати Таквото рударство, изведувано без оглед на еколошките прописи, го поттикнува крчењето на шумите во амазинската прашума, како и труењето со жива на реката.

Извештајот го вклучува само златото коешто било регистрирано до федералната влада поради плаќање на даноците на благородни метали, па вкрстено го проверувале со податоците од сателитски снимки од пријавените локации на рудници. Количеството на пријавеното злато коешто доаѓа од споменатите локации ги надминало капацитетите на изворите, покажал извештајот.

„Имало обиди за перење на ова злато, прикривања на неговото вистинско потекло. Но со вкрстеното споредување со снимките, не е можно ова злато да дошло од пријавеното потекло“, вели продесорот за управување со животната оклина при Федералниот универзитет при сојузната држава Минас Жераиш и автор на извештајот, Раон Ражао.

Владините податоци покажуват дека минатата 2020 година биле извезени 111 тони злато, што е повеќе од вкипното производство од 92 тони, што исто така укажува на тоа дека одредени количество потекнувало од илегални рудници, се додава во извештајот.

Во 2019 и во 2020 година, Канада, Швајцарија и Велика Британија купиле 72 отсто од бразилскиот извоз на злато.