Повечќе од 4.420 огласи за вработувања за само два месеца, претставува огромна дисторзија на системот, а овие нови вработувања значат дополнителни оптеварување на Буџетот, во прв ред граѓаните, кои граѓаните кои се даночни обврзници ги чинат 62,497.542.00 денари, предупреди во средата Невенка Стаменковска Стојквоски, заменик министер за информатичко општество и јавна адмибнистрација, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада.
„Здравиот разум и логика говори кога имате толку многу вработувања пред избори, тие може да бидат само во функција на партизирање на системот и извор на непотизам.
Зад секој бран на партиски вработувања, стои нов бран на непотизам кој очигледно оваа власт го фаворизира.
Колку само братучеди, ќерки, синови и деца на функционери на Владеачката партија се нововбработени во овие над 4 420 нови вработувања, останува да покаже времето.
Дека е реална оваа бројка што ја говорам во продолжение објавувам дел од објавените огласи по институциите, сите до еден во претходните два месеци, откога веќе се знаеше дека следи формирање на техничка влада и избори.
Дека е реална оваа бројка што ја говорам во продолжение објавувам дел од објавените огласи по институциите, сите до еден во претходните два месеци, откога веќе се знаеше дека следи формирање на техничка влада и избори.
Ова првиот дел од оваа тажна приказна на руинирање на квалитетот и игнорирање на професионалноста.
Време е да се стави крај на оваа појава, квалитетот да биде на прво место. Професионалците да се охрабрат и бидат дел од успешна Република Македонија“, пишува на својот фејсбук профил Стаменковска Стојковски.