
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4.935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4,8 отсто.
Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89,1.% во споредба со 2019 година и изнесува 9.465 лицa, а од нив 12 се доенчиња, но ваквиот раст, според Државниот завод за статистика е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со ковид-19.
Природниот прираст изнесува минус 4.530, што значи дека за толку лица бројот на живородени деца е помал од бројот на умрени лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19,7 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2.689 бракови.
Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 19,3% во споредба со истиот период од 2019 година.