Редовниот Конрес на ВМРО-ДПМНЕ на 12-ти декември

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски изјави дека партијата закажала Конгрес за на 12 декември, каде ќе се одбира лидер.

„ВМРО-ДПМНЕ на оваа седница на Извршниот комитет закажа Конгрес на партијата на 12. декември ќе се случи во Скопје и за првпат ќе се одржи во Скопје како главен град кој што сега е предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Ги реафирмиравме одлуките дека сакаме да има предвремени брзи избори и јасната волја на граѓаните на локалните избори“, рече Николоски.