Регионална конференција за енергетски заштеди преку управување со податоци ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Конференцијата, како што информираат организаторите, е во рамки на проектот „МултЕЕ“.
Проектот за следење и управување со енергетска ефикасност на повеќе нивоа „МултЕЕ“ е овозможен од механизмот Хоризонт 2020 на ЕУ со цел да ја подобри доследноста и квалитетот на планирањето и спроведувањето на политики за енергетска ефикасност преку иновативни шеми за мониторинг и верификација, како и преку подобрена координација меѓу различните административни нивоа.