Регистрирана уште една руска вакцина против коронавирусот

Истражувачкиот центар „Вектор“ од руски Новосибирск ја регистрирал втората вакцина против коронавирусот во Русија, соопшти во средата претседателот Владимир Путин отворајќи ја седницата со членовите на владата која директно ја пренесуваше јавната телевизија.

Препаратот е безбеден, а првите 60.000 дози ќе бидат произведени во скора иднина, додаде вицеприемиерката во руската влада Татјана Голикова.

Станува збор за втората вакцина против новиот коронавирус SARS-CoV-2, откако првата под називот „Спутник V“ беше регистрирана кон средината на август, по претклиничките тестирања во јуни и јули, кога предизвика големи сомневања во светот во нејзината ефикасност и безбедност поради сѐ уште не завршената финална трета фаза од клиничките масовни испитувања. Руските научници работат на уште една ткн жива вакцината во Центарот за истражување и развој на имунобиолошки препарати „Чукамов“ при Руската академија на науките.

„Би сакал да го започнам состанокот со пријатна информација дека новисибирскиот центар ‘Вектор’ ја регистрираше втората руска вакцина против коронавирусот ‘ЕпиВакКорона’“, изјави Путин додавајќи дека е запознает дека и академијата на науките развива уште една вакцина и заблагодарувајќи им се на научнциите за „нивата работа и талент, како и за истрајноста во работата“.

Според Путин, чија земја последната седмица повторно бележи рекордни бројки на заразени на дневно ниво, за борбата против ширењето на коронавирусот важно е да се зголемат капацитетите за производство на руските вакцини, како и да се осигури нивна широка достапност на домашниот пазар.

Додаде дека Русија продолжува да соработува со странски партнери и ќе ја „промовира“ вакцината во странство, но дека приоритет е да се обезбеди производство на вакцините за странските земји, во сегашната фаза, кои веќе најавиле нарачки на руската вакцина.

Центарот „Вектор“ на 24-ти јули поднесе и доби дозвола од руското министерство за здравство за спроведување клинички испитувања на вакцината врз волонтери. На 30-ти септември вакцината официјално била патентирана, Вакцината на „Вектор“ се разликува од „Спутник V“ која ја развива центарот „Гамалеа“ по тоа што содржи фрагменти од вирусот, синтетички петпридни антигени. Вакцината базирана на нив предизвикува имунолошки одговор против коронавирусот и натаму го поттикнува развојот на имунитетот.

Претходно беше објавено дека Федералниот научен центар за истражувања и развој на имунобиолопки препарати „Чумаков“ на 19-ти октомври ќе ги започне клиничките испитувања на својот кандидат за потенцијална вакцина против новиокоронавирус.