![181743626052f6612fcf6e1641187234_w640](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/181743626052f6612fcf6e1641187234_w640.jpg?resize=640%2C394&ssl=1)
Норвежанецот Оле Ејнер Бјерндален триумфираше на спринтот на десет километри на првиот ден на Олимписките игри во Сочи, со што стана нов олимписки шампион , а ова за него е 12. медал на ЗОИ. Норвежанецот триумфираше со време 24:33.05 минути пред Австриецот Доминик Ландертингер , кој задоцни една секунда , а бронзата му припадна на Чехот Јарослав Сукупсо 24:39.02 минути
На првиот натпреварувачки ден во Сочи беа поделени и одличјата во сноуборд и нордиско трчање во женска конкуренција. Американецот Сејџ Коценбург успеа да слави на натпреварувањето во сноубординг со 93,50 бода. Сребрениот медал му припадна на Норвежанецот Стале Сандбек, додека со бронза мораќе да се задоволи Марк Мекморис.
Норвежанката Марит Бјорген стигна до златниот медал во нордиско трчање на 15 километри. Иако беше највозрасна на оваа олимписка трка, Бјорген покажа дека се наоѓа во топ-форма остварувајќи најдобро време од 38:33,06 минути. Второто место и припадна на Шарлот Кала од Шведска, а третопласирана беше Хајди Венг.