Фудбалерите на Реал Сосиедад во петокот пропуштија можност со победа над последниот Леганес да избијат на врвот на табелата во шпанското првенство со два бода пред гигантите Барселона и Реал.
Во првиот меч од 13-то коло на Ла Лига, екипата од Сан Себастијан поведе во 63 минута со голот на Микел Мерини, а за гостите израмни Јусеф ен-Несири во 78 минута. Реал не успеа да погоди и во долгото продолжение и покрај тоа што тогаш Леганес остана без исклучениот Кевин Родригез.
Реал Сосиедад е прв на табелата со 23 бодови, пред Барселона и Реал Мадрид кои имаат по 22 бодовим но и два натпревара помалку. Леганес е последен 20-ти со шест бодови, два односно три бода пред 19-от Еспањол и 18-та Селта Виго, а дури пет помалку од 17-та Мајорка која е на место кое гарантира опстанок во лигата.
Во сабота се играат мечевите Алавес – Вајадолид, Валенсија – Гранада, Еибар – Реал Мадрид, Барселона – Селта Виго, Мајорка – Вилјареал, а во недела Атлетик Билбао – Леванте, Атлетико Мадрид – Еспањол, Хетафе – Осасуна и Реал Бетис – Севилја.