Фудбалерите на Севилја и Атлетик Билбао, одиграа без победник во мечот од 19-то коло на шпанското фудбалскот првенство, а нерешено заврши и дуелот меѓу Вајадолид и Леганес.
Гостите во водство ги донесе Капа во 15 минута, а израмни со несмасна реакција пред сопствениот гол Нуњез во 60 минута. Третата Севилја сега има 35 бодови, четири помалку од водечката Барселона, а два помалку од вториот Реал Мадрид, додека Атлетик Билбао е седми со 29 бодови.
Претходно во петокот ремизираа и Вајадолид и Леганес со 2:2 во меч во кој гостите двапати беа во водство. Головите за гостите ги постигнаа Брејтвајт во 4 и Роке Месе во 13 минута, но домашните израмнуваа со двата гола на Унаи во 8 и 79 минута. Вајадолид моментално е 14-ти со 21 б0оди, додека Леганес е претпоследен 19-ти со 14 бодови.
Во сабота играат Валенсија – Еибар, Хетафе – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Леванте и градското дерби Еспањол – Барселона.
Во недела на програмата се дуелите: Гренада – Мајорка, Реал Сосиедад – Вилјареал, Алавес – Бетис, Селта – Осасуна.