Република објави снимка од вибер преписката во која се зборува за директивата за поддршка на Филипче

Како што објави Република, а негираше СДСМ, директорите на јавните здравствени установи поставени од СДСМ се организираат да му искажат поддршка на Венко Филипче и како да зависи од нив да не ја прифатат неговата оставка.

 

Потоа во саботата следеше писмо од сите директори на Јавните здравствени установи, коишто инаку ги именуваат владејачките партии, испратија во саботата писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство и потпретседател на владејачката СДСМ,  Венко Филипче“ и посочуваат дека “му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води“.