Републиканскиот гувернер на американската сојузна држава Флорида, Рик Скот, извојува тесна победа во неделата во трката со кандидатот на Демократската партија, Бил Нелсон, на изборите за место во Сенатот кои завршија со рачно пребројување на гласовите.
Според конечните резултати кои ги објавија изборните власти на Флорида, Рик Скот победил со 50,05 отсто од гласовите, што претставува предност од малку повеќе од 10.000 гласови пред досегашниот сенатор Бил Нелсон.
„Од првиот ден Рик Скот не еднаш немаше тешкотии. Тој беше одличен гувернер и ќе биде уште поодличен сенатор кој ќе ги претставува жителите на Флорида.Му честитаме на Рик на храбрата кампања овенчана со успех“, веднаш реагираше претедателот Доналд Трамп на Twitter кој активно ја водеше својата кампања на Флорида каде демократите имаа дотогаш предност, државата со чиишто гласови победи на претседателските избори во ноември 2016 година.
Иако републиканците и досега со 52 мандата го имаа обезбедено мнозинството во Конгресот во кој и досегаа имаа надмоќ, но новата победа во голема држава на југот од земјата има дава комотна предност во горниот дом, иако го загубија мнозинството во Претставничкиот дом.
Бил Нелсон, кој беше сенатор од Флорида од 2001 година, во неделата рано попладнето по локално време го призна поразот. Претходно во саботата поразот го призна и неговиот сопартиец, демократскиот кандидат за гувернер, Ендрју Гилам, кого го победи републиканецот Рон Де Сантис, по повеќекратното пребројување на гласовите по американските парламентарни избори кои се одржаа на 6-ти ноември.
Резултатот од овие рачни пребројувања на гласовите ја заврши неизвесноста по изборите во сојузната држава Флорида, која одигра клучната улога и на претседателските избори во 2000 година. Тогаш демократскиот кандидат за претседател Ал Гор ги призна поразот од републиканецот Џорџ В. Буш кој со одлуката на Врховниот суд на САД победи со 537 гласови повеќе.