Режисерите ги избраа потенцијалните Оскаровци

Режисерите Мартин Скорсезе, Стив Меквин, Дејвид О Расел, Алфонсо Куарон и Пол Гринграс се номинирани за наградата на Здружението на американски режисери (ДГА) која се смета за најдобар показатаел непосредно пред доделувањето на Оскарите.

Британскиот режисер Меквин ја заработи својата прва номинација за историската драма „12 години ропство“ како и неговиот сонародник Гринграс за трилерот за сомалиските гусари „Капетан Филипс“. Мексичкиот режисер Куарон исто така првпат е номиниран за оваа награда за вселенската драма „Гравитација“.

За 71-годишниот Скросезе ова е 11 номинација за филмот „Волкот од Вол Стрит,“ додека за Расел е втора номинација за филмот „Американски измамници“.

Скросезе кој досега двапати бил номиниран за оваа награда, ја добил само еднаш и тоа во 2006 година за трилерот The Departed, за кој доби Оскар и за најдобар режисер.

Ако ја освои оваа нграда, Меквин ќе постане првиот режисер Црнец на кој му припаднала таа чест.

Наградата на Здружението на американски режисери се смета за клучен показател за номинација за Оскар. Од 1948 година, само во седум наврати добитникот на овие награди не добил Оскар, што претставува награда на Американската академија за науките и уметностите.

Имињата на добитниците на наградите на Здружението на американски режисери ќе бидат објавени на 25 јануари, шест недели пред доделување на Оскарите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.