Шкотска во 2014 година одржа референдум за независност на кој повеќето гласачи одбија да го напуштат Обединетото Кралство и тој резултат треба да се почитува, изјави во средата портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.
Претходно шкотската премиерка Никола Старџен рече дека нејзината земја би требало да одржи референдум за независност пред завршување на мандатот на шкотскиот парламент во мај 2021 година, како и дека пред крајот на 2019 година ќе биде составен закон за пренос на власта врз шкотскиот парламент.
„Наскоро ќе предложиме нацрт закон со прописите за одржување на секој референдум, сега или во иднина, а кој е во надлежноста на шкотскиот парламент“, рече Старџен, челничка на Шкотската национална партија (SNP) изразувајќи надеж дека текстот на новите прописи ќе биде изгласан до крајот на годината.
Шкотите за независноста на својата земја од Обединетото Кралство се изјаснуваа во септември 2014 година, кога по контроверзното гласање 55 отсто од избирачите гласаа против отцепувањето.
Меѓутоа, SNP смета дека по референдумот до 23-ти јуни 2016 година за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, за останувањето во ЕУ се изјаснија 62 отсто од Шкотите, сега постојат основи за распишување нов референдум за независност.