Ријад и Техеран договорија избегнување меѓусебен воен судир

Саудиска Арабија и Иран договорија да не влегуваат во меѓусебни воени конфронтации, како и неспроведување разузнавачки операции против интересите на двете земји, објави во четвртокот телевизијата Al Arabiya, повикувајќи се на висок претставник на блискоисточната сунитска монархија.

„Двете земји презедоа обврска на полето на одбраната и безбедноста со цел да се избегна (меѓусебна) воена аграсија и спроведување разузнавачки операции“, го цитира телевизијата својот неименуван соговорник.

Додал дека Саудиска Арабија и Иран дошле до заедничко разбирање во врска со заедничкото разбирање во врска со решавањето на конфликтот во Јемен. Ријад и Техеран во граѓанската војна во Јемен поддржуваат спротиставени страни, саудиската владата протерана од Саана, а иранската бунтовниците од шиитската заедница Хусити.

Техеран и Ријад поддржуваат спротиставени страни во неколку  судири во регионот, во прв ред во Јемен. Иран има големо влијание во Ирак и Либан, а воено и политички го поддржува и сирискиот претседател Башар ал-Асад. Во минатото двете земји жестоко со конфронтираа и поради саудиската власт кон значајната шиитска заедница во земјата.

Соговорникот на телевизијата не ги прецизирал поединостите од договорите, истакнувајќи само дека Ријад и Техеран не разговарале за проблемот со обновувањето на Заедничкиот сеопфатен акционен план за иранската нуклеарна програма (JCOP), кој Иран го потпиша со шесте светски сили во Виена во 2015 година.

Откако во 2018 година САД еднострано се повлекоа од договорот барајќи тој да ја опфати и иранската ракетна програма, а откако европските сојузници и потписнички на Вашингтон не успеаја да ја заштитат иранската економија од вратените американски санкции, Иран почна да суспендира некои од своите обврски од договорот, особено во поглед на степенот и количеството на збогатен ураниум. Поради тоа последните три години се водат, засега безуспешни, преговори за заживување на договорот од Виена што ќе го спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

Соговорникот на Al Arabiya истакнал и дека Ријад дал ветување дека нема да ја отстапува саудиската територија на трети земји за изведување напади врз Иран.

Иран и Саудиска Арабија, двете најголеми ривалски земји на Блискиот исток, со посредство на Кина минатиот петок во Пекинг потпишаа договор за обновување на дипломатски врски кои беа прекинати во 2016 година.

Сунитска Саудиска Арабија, каде што кралското семејство постепено ги ублажува политиките на своето вехабитско практикување на исламот, и шиитски Иран ги прекинаа дипломатските врски прес седум години, по нападот на демонстрантите врз саудиските дипломатски претставништва во Иран, како одмазда откако Ријад го погуби познатиот верски шиитски водач Нимр ал-Нимр.

Обновувањето на дипломатските земји врз двете влијателни земји во исламскиот свет на Блискиот исток доаѓа во моментот кога Ријад последниот период се оддалечува од тесната соработка со САД и склучувањето на повеќе договори со Кина. Се проценува дека Пекинг со посредништвото во договорите меѓу Иран и Саудиска Арабија го зголемува своето влијание и присуство во блискоисточниот регион.