
Специјалениот пратеник на американскиот претседател за дипломатски мисии и политички прашања, Ричард Гренел, присуствувал на настан заедно со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Рикер, кој беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година, е познат како силен поддржувач на Македонија, додека Гренел, близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, одржа неколку средби со претставници на македонската влада во последните месеци.
Фотографијата е направена за време на појадокот организиран од DGA – Albright Stonebridge Group (DGA – ASG) за време на Минхенската безбедносна конференција. Гренел присуствувал како гостин на Рикер, заедно со бизнис лидери, претставници на тинк-тенк организации, владини претставници и дипломати.
Дискусиите првенствено се фокусирале на бизнис инвестиции. Минхенската безбедносна конференција се одржа минатата недела, на која присуствуваше и делегација од Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски.