Роби Вилијамс открива – бил цел на платен убиец на врвот на славата

Британскиот музичар Роби Вилијамс ја откри темната страна на славата и ја шокираше јавноста откако објави дека бил цел на платен убиец.

Но поранешната ѕвезда на тинејџерскиот бенд Take That раскажува дека засташувачкаа закана исчезнала по вмешувањето на негови досетливи пријатели.

„Никогаш не сум го кажал ова, но над главата имав платен убиец. Никогаш за тоа јавно не зборував. Исчезна. Имам пријатели. Тоа се работи за кои не се зборува кога ќе станете славен“, вели Вилијамс за британскиот таблоид The Mirror.

Четириесет иседумгодишниот пејач истакнува дека во животите на големите ѕвезди најтешко е да се носат со славата. Нагалсува дека и ѕвездите мора да се помират со фактот дека, кога се славни, им се одзема приватноста.

„Во еден момент од својот живот бев неверојатно познат. Познат во стилот на Макл Џексон. Станав популарен кгоа има 17 години. Со 16 години бев во бенд, а кога има 21, си заминав и започнав соло кариера“, вели Вилијамс.

Наведува ид ека во тој период продал 80 милиони плочи, го држеше рекордот според продадени влезници во еден ден за турнеа…

„Сакам да одам на нормални места на коишто не можам да одам, бидејќи некои луѓе сакаат да ме убијат. Потребно е извесно време личноста да се помири со тоа. Имам анксиозност и не сакам средби со непознати, а непознатите сакаат да ме запонзаат и непирјатно ми е поради тоа. Размислувањето за тоа всушност ми предизвикува неприајтност. Тоа е орозот“, додава славниот музичар.