Иако е во голем шок, поради тешката повреда која ја заработи на пријателскиот натпревар против селекцијата на Ерменија и поради која ќе го пропушти престојниот Мундијал во Бразил, репрезентативецот на Германија, Марко Ројс, вети дека ќе гледа само напред и дека ќе се врати на фудбалскиот терен посилен од било кога.
„Не можам да го најдам вистинскиот збор со кој можам да опишам како се чуствувам во овој момент, да ви опишам колку сум разочаран. Ми се сруши најголемиот сон, но јас ќе гледам само напред, ќе бидам како и секогаш вистински професионалец. Животот мора да продолжи, повредата е веќе минато за мене. Можам да ветам дека ќе се вратам посилен од било кога. Сега има посакувам се најдобро на моите репрезентативни колеги, им посакувам голем успех во Бразил. Се надевам дека и без мојата помош, Германија ќе ја исполни зацртаната цел”, изјави фудбалерот на Борусија од Дортмунд.