Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, пред неколку дена го воодушеви светот со промената на фризура за да личи на детето кое е оперирано од тумор на мозокот.
Роналдо ги платил сите трошоци за операција, а додека не се знаеше причината за промената на фрузурата, неговиот имиџ од страна на медиумите беше критикуван.
Исто така, откривен е и уште еден детал за португалецот кој многумина го доживуваат како умислена и арогантна личност. Имено, тој на своето тело нема ниедна тетоважа што е необично со обзир на трендот меѓу спортските ѕвезди кој владее за тетовирање.
„Немам тетоважи бидејќи често донирам крв. Најмалку два пати годишно“, вели Роналдо.
Во многу земји како мерка за безбедност и превенција од ширење на болести како што е хепатитот, по изработката на тетоважа забрането е да се донира крв во период од 6 месеци до една година. Ова е главната причина зошто Роналдо го избегнува тетовирањето.