Росел обвинет дека нелегално купил црн дроб за трансплантација на Абидал

Поранешниот претседател на „Барселона“, Сандро Росел е обвинет дека илегално купил црн дроб за трансплатација на фудбалерот Ерик Абидал, објавија одредени медиуми во Шпанија.

Од „Барселона“ веднаш ја демантираа, наведувајќи дека сите во клубот биле шокирани од „лажното ширење на информации“.

Поранешниот напаѓач на Барселона, Ерик Абидал, имаше трансплантација на црн дроб во 2012 година откако му беше откриен тумор додека беше во врвот од кариерата.

Тогашниот претседател на каталонскиот клуб, Росел, во 2017 година беше уапсен за перење перење.

Абидал, кој помина шест години на „Камп Ноу“ се врати на теренот во април 2013 година, а по три месеци се пресели во „Монако“. Тој ја заврши кариерата во „Олимпијакос“, а одигра 67 меча за репрезентацијата на Франција.