По прашањето за подготовка на форматот за разговорите за нуклеарниот договор од 2015 година, кое гo претпоставува учеството на САД, напрaвен е важен чекор, изјави во понеделникот иранскиот претсдател Хасан Роухани.
„Министрите (за внатрешни работи на земјите потписнички на нуклеарниот договор) во форматот на групата ‘4+1’ (Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) одржаа разговори, беа направени подготовки за средба во форматот ‘5+1’ (истите земји плус САД), за што сите страни се договорија“, рекол Роухани, според текстот објавен на неговата официјална интернет страница.
Како што истакнува иранскиот претседател, рамkата на средбата во споменатиот формат била усогласена од „седумте земји“, но Роухани не ги именувал.
„Според мене, направен е важен чекор…, кој може да се развие и во друга форма“, истакнал Роухани. Додал дека нуклеарното прашање треба да се врати на легитимното меѓународно ниво, „поттикнувајќи ги другите да се покаат“.
Врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи, чие мислење е решавачко за политиките на Техеран, претходно изјави дека без „покајувањето“ на САД, невозможна е средбата меѓу Вашингтон и Техеран во стариот формат „5+1“ за нуклеарниот договор. Истовремено во Иран не исклучуваат билатерална средба со официјални американски претставници.
Иранскиот претседател Хасан Роухани по враќањето од Њујорк изјави дека челниците на Британија, Франција и Германија инстистирале на негови директни преговори со американскиот претседател Доналд Трамп, укажувајќи дека САД тогаш би можеле да ги укинат санкциите минатата година повторно воведени против Иран. Сепак, Техеран повторно инстистирал дека треба да бидат симнати сите санкции, затоа што, како што истакна Роухани, тешко е да се предвиди исходот од тие преговори. Според Роухани, доколку Вашигнтон ги симне санкциите, тој ќе биде подгтовен „за еден час“ да преговара во формат на кој ќе бидат присутни и американски претставници.
Американскиот претседател Доналд Трамп истовремено потврди дека Техеран како услов за преговорите го поставил повлекувањето на санкциите, но додаде дека тој го одбил таквиот предлог. Трамп не кажа притоа дали ветил укинување на санкциите доколку дојде до преговори со Иран, како што европските лидери му пренеле на Рохани, како што рече иранскиот претседател.