Руинираност на системот – тиња

Оваа колумна ја посветувам на македонските читатели и македонската јавност со старата латинска поговорка: REPETITIO MATER STUDIORUM EST ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО. Па, ајде да ги повториме некои работи, за да не се заборават.

Европски пораки

Европските пораки во истражувањата на „Нумбео“ Македонија е рангирана на 13-то место со пораст на насилство во Европа.

Европска порака – ниту едно воено злосторство не застарува. Со дописот до македонската влада на 15 февруари 2024 година, од страна на Советот на Европа во Стразбур, со кој се бара да се укине автентичното толкување од 2012 година, во врска со  воените злосторства во Македонија.

Советот на Европа препорачува и бара да се укине автентичното толкување од 2012 година, на Законот  за амнестија од 2002 година, и да се истражат досиејата што беа пренесени од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија до домашните судови… Командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од Кичевско- тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските  работници, ова се четирите хашки случаи што беа затворени без судски процес, преку Законот за амнестија, кој беше донесен во 2001 година за одговор.

Новата влада која ќе дојде по 8-ми мај, под итно треба да го укине автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година. Европска вредност е почитување на меѓународното право, Виенската конвенција за човековите права, повелбата на ОН и редица други меѓународни документи и декларации. И сите злосторници Командната одговорност на ОНА, како што е главниот Абаз-Али Ахмети, командант Форина-Талат Џафери… треба да се најдат пред лицето на правдата пред македонските судови. Ваквите злосторници на човештвото треба да ги нема во политиката. Тоа се историски отпадници на општеството. Со вакви луѓе кои ја водат политичка партија- ДУИ, нетреба да биде предмет на разговор со нив, туку своето место да си го најдат пред македонските и европските судови.

Затоа крајно нелеигитимно и зачудувачки е Европската Унија да се потпира  на вредности прокламирани од авторитетите како што се  Жан Моне, Роберт Шуман и други великани и истовремено да премолчува и да одобрува озлогласени историски отпадници и соработници на нацифашистички режими. Европа треба да се определи кои вредности ги споделува на Моне и на Шуман или на Хитлер, Борис Трети… Во својата суштина, Европската Унија е демократска и антифашистичка творба и не смее да остане неми на отворените изблици на фашизам внатре во самата унија. Се додека Брисел силно не притисне да се признаат македонското малцинство во Бугарија (земајќи ги притоа предвид пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур), а инсистира во Македонија да внесе „грст“ Бугари во нашиот устав, тогаш Европската Унија е надвор од сите свои стандарди. Со такви ставови и вредности не можеме да се усогласуваме. Овој дел од текстот не им се допаѓа на Османи, Маричиќ, Ковачевски… Но, битно е што мислат моите македонски читатели кои се најмеродавни.

Функционери на власта

Имено, ги слушаме самите функционери на Владата, кои се повеќе од шест години, меѓу себе се критикуваат и кажуваат дека треба да се расчисти со корупцијата која длабоко е навлезена во институцијата на системот во Македонија.

Па, ајде  по ред:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кандидат за претседател на Македонија од страна на командантот на ОНА, Али Ахмети, ќе изјави: „Очекувам поддршка од САД“ и продолжува:„ Имаме уникатен модел на држава…, но и корупција насекаде…м.з. и продолжува трагикомично, наредните години, ќе бидат  години на антикорупциски политики за државата“.
Овој Османи, сега министер за надворешни работи, бил министер за здравство каде е познат по скандалот „Пациент“, од Основното јавно обвинителство и после неколку години нема ни трага од предметот, односно го прикрива криминалот или исказите на синдикалците во министерството за надворешни работи и неговите злоупотреби кон истите искажуваат несогласување со неговите лични и партиски делувања, односно на неговата парија ДУИ. И сега демагогот Османи од криминалниот скандал „Пациент“, бара конкретна помош и очекува од САД борба против корупцијата. Па ќе изјави: „Сами си баравме помош од САД, против корупцијата, стравував ако не почнеме преговори со ЕУ земјава ќе остане само на мониторинг“. Напред наведеното го изјавува, откако беше објавено дека специјален тим за санкции од Министерството за правда од Америка пристигнуваат во Македонија за да истражи наводи за корупција кај актуелни политичари и други функционери. Па сега властите  кои се повеќе од шест години на власт, како папагали – демагошки изјавуваат дека: „Подржуваат беспрекорна борба на сите нивоа“. Истиот овој министер, Османи, поим нема од историја, како и од дипломатија, политичките му се закани што индиректно, што директно на професорот д-р Ванчо Ѓорѓиев. Османи не заборавај. МАКЕДОНЕЦОТ е ПИРЕЈ и има ДУХ НЕПОКОРЕН! Тебе ќе те осуди твојот народ на овие претседателски и парламентарни избори. А вие што се заканувате ќе ве нема – сургун. Професорот д-р Ванчо Ѓорѓиев, има непоколеблив дух и научен опус историски, што ти Османи тоа не го разбираш. Зад професорот е МАКЕДОНИЈА!.

Па за сите вакви закани и други коруптивни дејанија, преку моето отворено писмо е запознаена и нејзината екселенција, американскиот амбасадор во Македонија, меѓу другото напишав:

„…Свесен сум дека Ви е повеќе од познато дека последните 4 години нема област која не е инфицирана од корупција, нема институција која не боледува од оваа болест која ја „убива” демократијата насекаде кај нас.

Во јавноста се претставува розова слика, боја која е платена со моќта на корупцијата, со тргувањето на влијание од страна на политичките и би рекол партиските центри на власта.

Пипците на политичката корупција го задушуваат граѓанинот овде и се обидуваат да воспостават власт на корупцијата наспроти власта на граѓаните!

Подолг период ги следам негативните појави поврзани со корупцијата во образованието, при што имам напишано бројни колумни, анализи (пет години) за институционалниот систем во Македонија. И покрај моите пишувања за криминалот, корупцијата, непотизмот, партизирани институции, како и јавни настапи, домашните институции си ја тераат она народната:„ Кучињата лаат, караванот си врви“.

Кога домашните институции, не превземаат ништо за функционален правен систем, почнувајќи во секоја пора од општественото живеење, кога актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ и од „двајцата“ премиери Димитар Ковачевски и Али Ахмети, на виделина ни се случуваат партизирани, непотистички институции. Затоа, не случајно Македонија во Европа е на врвот според стапката на инфлација и стапката на невработеност според т.н. Индекс на мизерија во септември и е  втора на листата ( 33,2) на Европа. Овие факти го утврдуваат економското страдање на една земја, според инфлацијата и на невработеноста и доволно зборуваат за економската беда и социјалното страдање на македонските граѓани. Загрижувачка и алармантна состојба!“…

види повеќе:netpress.com.mk/ otvoreno-pismo-do-amerikanskiot-ambasador-an-ela-ageler//

Па ни се огласуваат амбасадите кои се во Македонија, евроамбасадорот Гир, холандскиот, германската амбасадорка, па и британската амбасада и сите со една поента искажуваат: „Корупцијата во Македонија расте и го поткопува владеењето на правото“. Па на 9-ти декември на меѓународниот ден на корупцијата се изјавува „… корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во судството и ги ослабува институциите во државата…“.

Али Ахмети- „прв премиер“ во Мала Речица и најавил на американскиот амбасадор Агелер „војна против корупцијата и на актуелни властодршци“. И дал „вербална поддршка за активностите на САД на ова поле“ .Само не знам дали ѝ кажал дека е почесен доктор на универзитетот во Тетово (за никакви научни и културни достигнувања, наместо тоа има заслуги за геноцит на невини Македонци). Не знам. Дали проговорил за водството на ОНА и хашките случаи кои лежат во македонското судство. Или за поставениот нов јавен обвинител за организиран криминал, неговиот комшија од Зајас. Можеби проговорил за поставените партиски судии по судовите и обвинителите по клуч партиски, а не по компетенции, стручност и сл.  Или зошто младите бегаат од Македонија… Или, дали ја запознал амбасадорката Агелер, Зошто се чека за делото против функционери поврзани со „Маѓар Телеком“ да застари и го поставува прашањето да не се чека на ветинг? Со право поранешниот министер за финансии Хајредини го прашува „вториот премиер“ Ковачевски за ова мито, и со право  прашува: „Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го уплатиле на наши државни функционери? За ова дело судот во Њујорк  директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека долго време да застари, иако Врховниот суд, по нивна желба одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел“.Се чека да застари предметот. Тоа е нашето (НЕ) правосудство!!!

Ајде за заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска,  која отворено кажа дека Јавниот обвинител Јовески не си ги извршувал поставените задачи (не беше конкретна дали од Зоран Заев или Ковачевски-Таче, или…) и не заслужува да биде именуван за уставен судија. Браво Грковска! Но  и ти дали заслужуваш да бидеш на таа   вештачка функција за добро владеење? Е, па што стори  по доставената претсавка бр.56-8157/1 од 19.09.2022г. за сомнеж за злоупотреба на службена должност и овластување, а во врска: „Моќта на владината функција наспроти моќта на законот во хибриден режим на СДСМ! (види повеќе: netpress.com.mk/ mo-ta-na-vladinata-funkci-a-nasproti-mo-ta-na zakonot-vo hibridniot-rezim-na-sdsm/ или претставка бр.12-8654/1 од 07.10.2022г, а во врска Скандали во владеењето на поставените владини функционери/ види повеќе: netpress.com.mk/grkovska-skandali-vo—vladee-eto-na- postavenite-vladini-funkcioneri/ или преставка бр.56-8553/1 од 27.09.2022г./ види повеќе:/ netpress.com.mk/korupci-ata-vo-visokoto-obrazovanie-i-ne-zinata-opasnost-za-demokrati-ata/ нема никаков одговор, ниту преземени мерки. И ти не ги исполнуваш задачите за која си поставена  исто како јавниот обвинител Јовески! Невиден срам си! И соучесник  си на лоши политики за добро владеење!!! Оди си! И ќе си одиш наскоро!

Се појавува директорката Лукаревска за Јавни приходи и признава дека: „… сивата економија во Македонија е поголема од економијата во Албанија и Косово“.

Да не зборуваме за криминални издадени пасоши, државјанства на криминални тајкуни, хаотичност со лични документи на граѓаните… наместо оставка Спасовски и други одговорни, демагошки говорат дека ќе дадат помош за борба против криминалот. Какви се овие неморални, несоодветни изјави. Не чувствува никаква одговорност, ниту тој ниту неговиот заменик министер. Да не говорам и за оној министер за образование не чувствува никаква одговорност и нема намера да поднесе оставка. Ова е смрдливост и трулеж на одговорните на оваа Влада. Каде што велат оние на ДУИ функционери дека одговараат само на Али Ахмети. Па кој ќе се бори против корупцијата. Не можат овие кои се корумпирани и криминални.

Па го слушам оној кој ќе го расчистуваше судството Бојан Маричиќ, кој заедно со Зоран Заев говореа дека ќе го направат „ судството како пупка“. Да го направија пупка на криминалот и корупцијата!!. Па сега како одговорен за евроинтегративните процеси  за пристапување во Европската Унија (ЕУ), изјавува: „Судските реформи се клучни за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа“. Во поглед за Поглавјето 23 „Правосудството и фундаменталните права“ ќе каже: „…имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање… па изјавува (трагикомично) „Антикорупцијата и фундаменталните права, со акцент на  антикорупциски политики и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети…по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел. Го слушаме од министри, функционери кои веќе повеќе од пет години се на Власт.

Почитувани мои читатели! Само да ве потсетам!

Во моево пишување истакнувам само еден сегмент од големата слика на смрдливиот криминал и корупција на институциите во Македонија. Оставам вие да дадете свое гледање, заклучок, како ја водат  овие функционери, кои не чувствуваат никаква одговорност. Каде одиме, а јас ќе кажам дека одиме во амбис во сите институции.

На крај, да завршам, според Михаел Мартине, долгогодишен дописник на Франкфутер Алгемајне Цајтунг ќе изјави: „ … Македонија и Албанија, ако веднаш почнат преговори со ЕУ ќе им бидат потребни цели 122 години за станат членки“.

Неминовна потреба е со нови луѓе да се избориме со институционалните криминали и корупција во Македонија. А овие што се сега на власт и кои се огрешиле да се најдат пред лицето на правдата да одговараат. И да се најдат на буништето на историјата!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес