
Фудбалскиот репрезентативец на Англија и член на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, ќе биде предводник на двата тима за кои што настапува.
Капитенот на „Гордиот Албион“ и на „Олд Трафорд“, изјави дека преселбата на Дани Велбек, кој оваа натпреварувачка кампања ќе биде дел од составот на Арсенал, е одличен потег и за фудбалерот и за клубовите и за репрезентацијата.
„Топџиите“ се потрудија за да го доведат Велбек на „Емирати“ и Јунајтед поради ова е побогат за 20 милиони евра.
„Велбек е одличен фудбалер и ќе се истакне во Арсенал. Брз е, може да постигнува бројни погодоци и затоа ова е добар потег за клубот и за Дани“, вели искусниот Руни.
„Ова ќе му овозможи и место во националната селекција на Англија“, додава капитенот.
„Во Јунајтед беше одличен и затоа во редовите на Арсенал можат да бидат задоволни. Ако се потруди ќе биде меѓу најдобрите во клубот и во репрезентацијата“, заклучи Руни