Како што претходно седмицава беше најавено, Русија во саботата ја одобри и третата вакцината против коронавирусот, изјави за јавниот телевизиски сервис премиерот Михаил Мишустин додавајќи дека започнуваат масовните клинички испитувања на препаратот „КовиВак“ кој го создаде научниот центар „Чумаков“.
Според Мишустин, првите 127.000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во цивилен промет кон средината на март. Производителот, исто така, планира да го пласира препаратот и на меѓународните пазари.
Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против Covid-19, првата „Спутник V“ кој ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н.Ф. Гамалеја“ при руското Министерство за здравство и „ЕпиВакКорона“ на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ во Новосибирск.
Во двата случаи рускиот регулатор зазема слични ставови, одобрувајќи ги вакцините против коронавирусот по завршувањето на првите две фази од испитувањата на луѓе и пред завршувањето на финалната трета фаза, што првично предизвикува симничавост на Западот.
Вакцината „Спутник V“ доби дозвола во август 2020 година, а третата фаза од клиничките испитувања започна во септември. Масовната вакцинација започна во декември, а независната меѓународна научна рецензија објавен во референтното научно списание The Lancet покаќа дека е ефикасна 91,6 отсто.
Со првата доза од „Спутник V“ вакцинирани се досега повеќе милиони Руси. Воведувањето во употреба на втората вакцина „ЕпиВак“, штотуку започна.
„Русија денеска е единствената земја во светот со веќе три вакцини против Covid-19“, изјави Мушустин.
Центаро „Чумаков“, кој во 1955 година во Санкт Петербург го основал Михаил Чумаков, познат по соработката со американскиот научник Алберт Сабин во време на самата кулмуниција на Студената војна, а која резултираше со развој на вакцината против детската парализа.
За разлика од вакцината „Спутник V“, која користи два различни модифицирани аденовируси на настинка за да го предизвика организмот да произведува антигени и да му помогне имунолошкиот систем во борбата против заразата со коронавирусот, вакцината „КовиВак“ е целосно варионска вакцина. Тоа значи дека е напревена од коронавирусот кој е онеспособен, односно е лишен од секоја можност за реплицирање. Вирионот е целосна инфективна вирусна честичка со ДНА или РНА во јадрото и со протеинската обвивка (каписода), каква што се наоѓа надвор од клетката на домаќникот, а се нарекува и виросна честичка.
Вакцината „КовиВак“ се дава во две дози во растојание од 14 денови. Се складира и се транспортира на норачна температура во ладилник од 2 до 8 Целзиусови степени.
Клиничките испитувања на оваа вакцина започнале на почетокот од октомври 2020-та кога биле вакцинирани 200 доброволци, и досега според објавите не биле идентификувани несакaни дејства на препаратот. Втората фаза од тестирањето врз луѓе започнала во декември во клиники во Санкт Петербург, Новосибирск и Киров, со која исто така биле опфатени 200 волонтери.
Во јануари, создавачите на вакцината до рускиот регулатор ги поднеле документите за нејзина регистрација. Се додава дека наскоро ќе биде завршена втората фаза од клиничките испитувања, по што ќе започнат финалните дополнителни проверки на три илјади волонтери.