Соединетите држава ѝ гарантираа на Русија дека санкциите наметнати против неа поради нејзината воена операција во Украина нема да се одразат врз нејзината соработка со Иран со што е овозможено продолжувањето на преговорите за заживување на договорот за нуклеарната програма на Техеран, објави во вторникот шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Добивме пишани гаранции. Тие се вклучени во договорите за обновувањето на Заедничкиот сеопфатен акциски план (JCPOA) за иранската нуклеарна програма“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со иранскиот колега Хосеин Амир-Андолахјан во Мосвка, пренесува AFP.
Според Лавров, идната руско-иранска нуклеарна з=соработка е загарантирана, „особено што се однесува на главниот елемент, нуклеарната централа во Бушар“.
Иранскиот министер Амир-Абдолахјан истакна дека ништо не може негативно да се одрази на преговорите во Виена за обновување иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.
„Прекинот на преговорите може да го отвори патот за решавање на отворените прашања и враќање на сите страни на нивните обврски од нуклеарниот договор“, рекол шефот на иранската дипломатија, пренесува Reuters/
Амир-Абдолхајна притоа дека го поканил Лавров наскоро да го посети Техеран.
Западните земји ја обвинија Русија дека сака да ги минира преговорите во Виена откако на 5-ти март побара гаранции од САД дека нејзините идна соработка и трговија со Иран во областа на цивилната нуклеарна програма нема да бидат погодени од западните санкци кои дополнително ѝ беа воведени по незјината воена операција во Украина.
„Американците секогаш сакаат да кажат дека ние ги кочиме преоворите (за иранската нуклеарна програма, но тоа е лага. Договорот не е конечно одобрен во повеќе престолнини, но руската престолнина Москва не е меѓу нив“, рече Лавров.
Според него, преговарачите сега се во „последадната фаза од преговорите“, иако потпишувањето на компромисите се чинеше близу неколкупати последните седмици.
САД еднострано се повлекоа од иранскиот договор во мај 2018 година и го вратија децениските санкции против Иран, барајќи нов договор во кој ќе биде опфатена и иранската ракетна програма. Потоа Техеран, откако европските потписнички на договорот – Велика Британија, Германија и Франција не можеа да гарантираат заштита од американските санкции на иранската економија и ги повлекоа своите големи инвестиции од земјата, започна со постепено суспендирање на одредени свои обврски од договорот. Во прв тоа се однесување на нивото и количеството на збогатениот ураниум, што ги предизвика стравувањата дека Иран многу набрзо може да дојде до нивото од кое е лесно да се произведе никлеарно оружје.