Руските сили уште еднаш ќе ги запрат воени операции во Украина во 8 часот во средата по средоевропско време и подготвени се да обезбедат хуманитарни коридори за да можат да го напуштат главниот град Киев и уште четири гадови, соопштено е во вторникот вечерта,
Инфорамацијата за коридорите од Киев, Чернигов, Суми, Харков и Мариупол ќе биде проследената до украинската вицепремиерката Ирина Верешчук.
„Одлуката е донесена и покрај постојаното нарушување на меркит за отворње на хуманитарни коридори од страна на Киев. Руската страна се водеше притоа од влошената сируација поради беззаконието од страна на националистите“, се наведува во сопштението на рускиот Национален координативен штаб за хуманитарен одоговор.
Москва порача дека е подготвена да обезбеди хуманитарни коридори од Киев и соседните места до Русија преку територијата на Белорусија со последователни воздушни транспорти на други простори во Руската Федерација или во јужна Украина, во договор со украинската страна.
Цивилите со првите хуманитарни коридори успеаја да минат во вторникот претпладнето, главно од Суми на североистокот, од каде тргнаа два конвоја во текот на денот. Речиси 3.500 цивили се евакуирани од градот во текот на прекинот на огнот.
Евакуацијата трае и од украинската престолнина Киев, пренесува AFP.
Украинските власти, пак, објавија дека во вторникот повторно не успеале да ги евакуираат цивилите од Мариупол. Вицепремиерката Верешчук ја опиша состојбата во опколениот град како „катастрофална“. За Киев не се прифатливи правците за евакуација од Мариупол кон Русија и Белорисија, иако тамошното население половина го сочинуваат етнички Русија, а речиси две третини го наведуваат рускиот јазик како мајчин.
Од викендов руското министетрство за одбрана ги обвинија украинските ултранационалистички формаци и околу две илјади странски платеници во Мариупол дека како заложници го држат цивилното население ппопрелувајќи му да излезе од градот и оти во станбени објекти ги поставуваат своите позиции.