Русија во средата ослободила десет странци заробени во Украина, по посредувањето на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, објави саудиски функционер а хрватските медиуми објавија дека меѓу нив е и еден Хрват.
Меѓу ослободените се државјани на САД, Велика Британија, Шведска, Хрватска и Мароко, изјавил за Reuters неименуван саудиски функционер.
Додал дека авионот кој ги превезувал слетал во Саудискиот Арабија. Идентитетот на ослободените не е објавен.
Хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег беше заробен како платеник во украинските единици во мај во Мариупол, и обвинет за воени злосторства и уривање на власта во самопрогласената проруска Народна Република Доњецк и му се закануваше смртната казна, пренесуваат хрватските медиуми, иако не сѐ уште не е потврден идентитетот на ослободениот заробеник.
На Хрватот во Доњецк му се судеше со уште еден Швеѓанец Матијас Густафсон и тријца Британци од кои едниот беше идентификуван како Џон Хардинг. На почетокот на јули британска непрофитна организација соопшти дека Дилан Хили, на 22 години, и 45-годишниот Пол Ури, биле заробени уште кон крајот на април, во југоисточната област Запорожје. Не е познато дали тие се меѓу ослободените.
Кон средината на јуни судот во Доњецк ги осуди на смрт Британците Ејден Еслин и Шон Пинер, како и Мароканецот Садун Брахим, за учество во паравоени формации против населението во самопрогласената народна република каде загинаа во последните осум години десетици илјади луѓе и речиси 600 деца, а уште илјадници други останаа осакатени.