Мистериозниот „Хавански синдром“, наводна болест којашто ги погодила американските дипломати и шпиони ширум светот, може да се поврзе со енергетско оружје што наводно го користат припадници на руска воено-разузнавачка диверзантска единици, објави во понеделникот медиумската грипа Insиder.
Претходно во неделата американската телевизиска мрежа CBS News објави тврдење дека поседува докази дека руските разузнавачки агенции наводно биле вмешани во случаите на „Хаванскиот синдром“, кога американските дипломати и службеници на разузнавачките служби во странство доживувале необјаснети главоболки, ментални нарушувања, гадења…
Во епизодата од неделната информативна емисија „60 minutes“, објавена на каналот на YouTube на телевизијата, новинарите зборуваат за наводни мејлови од високи претставници на рускиот Совет за безбедност, во кои во март 2021 година е извршен трансфер на „уникатна технологија достапна само за Руската Федерација “ за Виетнам.
Новинарите разговарале со маж претставен како неодамна пензиониран шеф на истрагата на Пентагон во врска со случаите на „Хаванскиот синдром“, Грег Едгрин.
„Ако грешам во врска со тоа дека Русија стои зад абнормалните здравствени инциденти, ќе дојдам во вашата програма и ќе си ја изедам вратоврската“, рече Едгрин.
Според него, мотивацијата на Русија наводно лежи во желбата да го ограничи напредокот на САД во односите со Куба, коишто по седум децении почнаа да се затоплуваат пред повеќе од седум години, но набрзо повторно се заладија.
„Потоа тие (Русите) се обидоа да го направат истото во Виетнам, обидувајќи се да го спречат патувањето на потпретседателката Камала Харис. Зошто? Затоа што таа беше таму за да ги воспостави темелите за стратешкото партнерство меѓу САД и Виетнам“, тврди Едргин.
Тој го коментираше и ставот на американската администрација дека е малку е веројатно дека ќе следи кампања од страна на Русија и друга земја во контекстот на „Хаванскиот синдром“.
„Според мене, ова е глобален проблем. И мислам дека Русија стои зад него“, изјави Елдгрин.
Друг експерт кој учествуваше во емисијата на истата тема беше бугарскиот новинар Христо Грозев, кој учествува во тн меѓународна истражувачка мрежа Bellingcat позната по маркетиншката улога во војната во Украина, според кој говорот во тие електронски писма наводно се однесувал на опрема за откривање на движење со помош на звук со високи фреквенции. „И тоа е обично второто име за операции за напад со слични физички компоненти“, рече Грозев.
Во емисијата на CBS News беше наведено и дека согласноста за акциите оделе на највисоко ниво.
Истрагата на американското разузнавање, чии наоди беа објавени минатата година, навела дека е „многу малку веројатно“ дека непријателска страна е одговорна за болеста што првпат ја пријавиле претставници на американската амбасада во Хавана, кубанскиот главен град, во 2016 година.
Но, Insider, наводна медиумска група фокусирана на Русија со седиште во Рига, тврди дека членовите на руската воена разузнавачка единица (ГРУ), позната како 29155, биле распоредени на местото на медицински инциденти во кои бил вклучен и американски персонал.
Едногодишната истрага на Insider во соработка со „60 Minutes“ и германскиот Der Spiegel, исто така, открила дека постарите членови на единицата 29155 добивале награди и унапредувања за работа поврзана со развојот на „несмртоносно акустични оружја“.
Русија претходно негираше каква било вмешаност во проблемите на американските дипломати и шпиони кои пателе од симптомите на болеста вклучуваат мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица.
Во извештајот на Insider се посочува и дека е можно првиот инцидент со симптоми на „Хаванскиот синдром“ да се случил пред 2016 година. Според овој извештај, нападите можеби започнале две години порано во германскиот град Франкфурт, кога службеник на американската влада стациониран во конзулатот таму бил онесвестен од нешто што изгледало како високо-енергетски зрак.
Во октомври 2021 година, Конгресот на САД усвои посебен закон, Законот за Хавана, кој му дава на Стејт департментот, на Централната агенција за разузнавање (CIA) и другите владини агенции овластување да плаќаат компензација на персоналот и нивните семејства кои биле погодени од болеста додека извршувале службени должности. Оваа одлука се базираше на претходен извештај во кој не беше идентификуван изворот на „Хаванскиот синдром“
Неколку месеци подоцна, во јануари 2022 година, медиумите известија за извештај на американската разузнавачка заедница, во кој дојде до заклучок дека „Хаванскиот синдром“ меѓу американските службеници на службени патувања во странство не е поврзан со дејствијата на „странските противници“.
Манифестациите на Хаванскиот синдром – вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со слухот – првпат беа забележани меѓу американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година и во Кина во 2018 година. Подоцна, медиумите објавија слични случаи меѓу дипломати, разузнавачи и други вработени во американската администррација во Виена, африканските земји, Таџикистан и Русија. Според шефот на CIA, Вилијам Барнс, вкупно неколку стотици луѓе страдале од „синдромот Хавана“.