Русија во саботката потврди 752 починати како последици поврзани со Covid-19, што досега е најголе број смртни исходи во еден ден од почетокот на пандемијата во којата досега земјата регистрираше 142.253 починати од коронавирусната болест.
Федералната агенција за статистика Росстат, ги бележи смртните исходи за кои се смета дека се последица на Covid-19 во три катергории во петокот објави дека од април 2020 година до мај 2021 година во Русија се потврдени 290.000 вакви смртни исходи. Деталното истражување на секој засебен смртен исход за да се утврди директна поврзаност со Covid-19, ќе се прави откако ќе се прогласи крај на епидемијата во земјата.
Штабот за следење на пандемијата објави во себотата и дека во изминатите 24 часа биле потврдени 25.082 заразени, од кои 5.694 во главниот град Москва. Со тоа бројот на заразените во Русија од почетокот на пандемијата се искачи на 5.758.300 меѓу 148-милионското население.
Коефицинетот на коронаворусната инфекција (преваленцата) во Русија со последните показети продолжува да расте и во сабота надмина 1,02, според податоците од Федералниот оперативен штаб за борба против нова инфекција.
Овој индикатор во Москва се зголемил на 0,88 или севкупно со Подмосковје изнесува 0,97, но сепака ја надминува вредноста во осум од десетте рагиони со највисок број заразен, иако се забележува негов пад на пример во Санкт Петербург, на 1,08 итн.