Украинските единици направиле утврдена област во агломерацијата Краматорск–Славјанск, како и претходно во јужниот пристанишен град Мариупол, и сега се блокирани близу 90.000 цивили, изјави во средата генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началник на рускиот Национачен центар за управување со одбраната.
Мизинцев притоа ги повика Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, како и други меѓународни организации, да ги преземат сите мерки за безбедна евакуација на цивилите од агломерацијата Краматорск–Славјанск на северот на Доњецкиот регион. Според процените на руското министерство за одбрана, во областа со површина од над 170 квадратни километри украинските сили подолг период складирале оружје, муниција, горива и други средства, како и храна и лекови за долготраен отпор.
„Во густо населените места, милитантите (украинските формации составени од припадници на екстремно десните движења, како што ги нарекува официјална Москва) поставија тешки вооружување и опрема, во домови и други цивилни објекти поставија огнени позиции, додека цивилите се држат во подрумите под изговор за наводна нивна безбедност, а на ѕидовите на тие објекти се поставени натписи ‘Внимание! Деца!’, ‘Тука има деца! Не пукај’“, изјави Мизинцев.
Спред него, вкупно во населените места и на териториите на пповеќе од десет големи индустриски претпријатија во Краматорск и Славјанск, „националистите блокираа над 90.000 цивили, криејќи се зад нив како зад ‘човечки штит’. Обидите на цивилното населние да се евакуира самостојно кон безбедните области, како кон Русија така и кон териториите контролиран од властите во Киев, жестоко се запираат од борците на националистичките баталјони“.
Истакна дека особено е цинично што „за да ги прикрие своите криминални цели, киевскиот режим е подготвен да жртвува илјадници животи на своите граѓани, потполно копирајќи ги методите што ги користеле нацистите за време на Втората светска војна“ во истата област создавајќи ткн „градови тврдини“.
Мизинцев истакна дека Москва повторно аперила на вниманието на светската јавност дека ваквите акции на „украинските неонацисти против цивилното население“ се спротивни на сите општоприфатени морални норми, приципите на меѓународното хуманитарно право. Фактички, додаде рускиот генерал, станува збор за злосторства против човештвото и тероризам, потстетувајќи дека поставувањето борбени позиции и утврдувања во чувствителна цивилна инфраструктура, како што се болници, училишта, дестски градинки и станбени населби, исто така, со што тие стануваат легитимни воени цели, претставува воено злостроство, и ги обвини функционерите во Киев како непосредни воени злосторници и терористи.
Двете области по превратот во Киев во март 2014 година беа под контрола на силите на самопрогласената проруска Доњецка Народна Република, но по тримесечни борби контролата над нив ја преземаа силите на новите прозападни власти во Киев. Во агломерацијата, според последните достапни податоци живеат меѓу 250.000 и 300.000 жители, главно рускојазични Украинци и Руси, но областа во периодот по 2017 година ја напуштиле повеќе десетици илјади луѓе.