Руските власти тврдат дека во таа земја е произведана првата серија од вакцината „спутник 5“ за цивилна употреба, а дистрибуцијата низ руските региони се очекува да почне наскоро. Во првата фаза треба да бидат вакцинирани високоризичните групи, поточно медицинските лица и наставниците, а вакцинирањето ќе се изврши по послената фаза клинички испитувања.
Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот. „Спунтик 5“ помина две фази на клиничко испитување, а последната треба да биде спроведена по регистрацијата на вакцината.