Научниците кои ја развија руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ се подготвени да ги споделат своите сознанија и технологии со француската фармаколошка корпорација „Sanofi“, беше објавено во петокот на официјалниот тивтер-акаунт на „Спутник V“.
„Спутник V е подготвен да ја сподели својата технологија со Sanofi за да помогне во развој на вакцината. Партнерството на различни произведувачи е пат во иднината“, се наведува во пораката, којашто важи и како одговор на критиките за наводната нетранспарентност на податоците за руската вакцина.
Кон крајот на ноември, тимот кој учествуваше во развојот на „Спутник V“ ѝ предложи на британско-шведската корпорација „AstraZeneca“ со спроведување на повторно испитување да ја комбинираат својата инјекција со инјекцијата на „Спутник V“ поради зголемување на ефикасноста.
Руската понуда доаѓа истовремено кога во петокот „Sanofi“ и GSK објавија дека имаат потреба од дополнителни истражувања и испитувања на вакцина против коронавирусот од нивно производсто, проади слабиот имунолошки одговор кај повозрасните лица.
Во заедничко партнерство „Sanofi“ и GSK, со поддршка на агенцијата BARDA при американското министерство за здравство, работат на еден од кандидатите за вакцина против коронавирусот. Таа се заснова на технологијата на рекомбинација на ДНК, а уште на 3-ти септември, компаниите соопштија за почеток на клиничките испитувања.
Компаниите планираа да ја пуштат својата вакцина во промет кон средината на 2021 година, но сега тврдат дека нивната вакцина против Covid-19 нема да биде готова до крајот на 2021-ва, откако прелиминарните резултати покажале низок имунолошки одговор кај повозрасните лица. Потенцијалната достапност на вакцината е одложена за средината на четвртиот квартал од 2021 година, соопштија во заедничка изјава „Sanofi“ и GSK.