Русите почнаа да им се одмаздуваат на Турците, нема аранжмани за Турција. Една од најголемите руски туристички агенции Натали турс, соопшти дека од безбедносни причини престанува да продава аранжмани за Турција, пренесува Б92.
Натали турс во соопштението наведува дека во своите подружници во Русија и во поранешните советски републики ќе престане да ги праќа туристите во Турција поради „нестабилната политичка ситуација“.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека инцидентот во кој дтурските воздушни сили соборија руски авион ќе има „значајни последици“ по односите меѓу Русија и Турција.
Во соопштението од Натали турс исто така се наведуваат и налозите на Путин да се суспендираат сите летови за Египет од безбедносни причини по соборувањето на рускиот авион на 31-ви октомври над Синајскиот полуостров.
Инаку, минатата година 4,5 милиони Руси ја посетиле Турција, што е 12 отсто од вкупниот број на руски туристи. Турција со тоа е најчестата дестинација за руските туристи и е веднаш зад Германија.