Она што најмногу ги краси улиците кога ќе дојдат ладните денови се крзнените парчиња, без разлика дали се работи за капути или чанти. На главата, најмногу сакаме да ја почувствуваме крзнената капа која секогаш може да не стопли кога температурата ќе се спушти под нулата, а истовремено изгледа доста шик!
Руските шапки може да ги најдете во различни модели, оние со класичен изглед, ако сте склони кон дамскиот стил. А ако сте расположени за фанки, одберете ја шапката со „продолжетоци“ кон ушите.