Рускиот воен брод „Москва“ вооружан „до заби“ пристина во Латакија . Бродот тежок 11.500 тони и висок 186 метри, пристигна во сириската провинција Латакија да се грижи за руските авиони во воздух, изјави МИА, повикувајќи се на Танјуг.
Крстосувачот „Москва“ во суштина е поморска верзија на воздушниот обранбен систем С-300, а покрај со ракети, вооружен е и со антиракетни и антиподморски системи и торпеда.
Крстосувачот „Москва“ може оперативно да ја покрие цела јужна Турција од Латакија, водејќи сметка од сега па понатаму руските авиони да бидат безбедни во воздух.
Москва соопшти дека ќе инсталира ракетен систем во Сирија за да ги заштити своите авиони, откако во вторникот Турција собори еден од руските авиони.