Вилма Рускоска, шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција не успеала да одолее на можноста која, благодарение на моментот, и се отворила, па нејзината позиција ја искористила да си го вработи нејзиниот внук како обвинител во Основното Јавно обвинителство Скопје, пишува во четвртокот порталот „Инфомакс“, пренесува НетПрес.
За да се покрие од евентуални законски последици за оваа постапка, Русковска побарала и официјално мислење од Антикорупциската комисија која еднакво скандалозно донела мислење дека внук не е роднина. Ова особено е проблематично ако знаеме дека со ваквата одлука Антикорупциската комисија е контрадикторна сама на себе.
Имено, во самиот образец на ДКСК за пријавување на ангажман на блиски лица во објаснувањето на образецот јасно е посочено дека внуци се „блиски роднини“.
Дотолку повеќе, Антикорупциската комисија минатата година го казни првиот човек на Советот на Јавни обвинители Коле Штерјев со глоба од 500 евра и прекршочна постапка бидејќи гласал воздржано на седницата на која неговата внука Марија Ѓорѓиева требало да се вработи во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Од Антикорупциската комисија за „Инфомакс“ велат дека мислењето кое го дале во предметот на Вилма Русковска е условено, односно, доколку се задржи актуелната состојба во која Вилма Русковска како именувана за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција не се врати на работа во ОЈО Скопје како обвинител, тогаш немало да има судир на интереси при вработувањето на нејзиниот внук кој во моментов работи како обвинител во ОЈО Куманово.
Антикорупциска комисија не ги земала во предвид сите елементи за да завземе такво становиште да одобри префрлање на внукот на Русковска во ОЈО Скопје од ОЈО Куманово.“ – вели Маневски за „Инфомакс“.
Тој додава дека ова треба да го цени Совет на Јавни обвинители.
Од каде сега Антикорупциска стручњаци за јавни обвинители, тоа не е нивна работа, јасен е законот, смета Маневски.
За да биде поубедлива во прикривањето на непотизмот, Вилма Русковска дури и приложила нотарски заверена изјава пред ДКСК во која се откажува од нејзиното работно место во ОЈО Скопје кое во моментот е ставено во мирување поради нејзината именувана функција како шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Нотарски заверена изјава е јавна исправа, а поради јавниот интерес истата и ја објавуваме.
Одговори за овој скандал во најава од „Инфомакс“ се обиделе да добијат и од првиот човек на државното обвинителство, Љубомир Јовески, кој и по неколку обиди да го добијат н неговиот телефо, и по испратена СМС порака, одлучи да не одговори, ОДговор бил побаран и од Советот за јавни обвинители од каде пак ја спуштиле слушалката без да го слушнат прашањето.