СЈО денеска ќе се произнесе за предметите што ги побара ЈО

СЈО денеска треба да се произнесе за дописот што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во кој се бара  префрлање на предметите.

Во дописот, Обвинителството нагласува дека е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо.

 

ЈО смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.