САД ѝ дадоа рок на Турција до крајот на јули да се откаже од руските С-400

Вршителот на должноста американски министер за одбрана Патрик Шанахан со писмо ја предупредил Турција дека земјата ќе остане без можноста да ги набави современите борбени авиони од моделот „F-35“ доколку до крајот на јули не се откаже од веќе постигнатиот договор за купување на напредниот руски противбалистички систем С-400.

Во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.

Агенцијата Reuters објави во петокот дека имала увид во писмото на Шанахан со кои се потврдуваат претходните неофицјални најави дека Турција ќе се соочи со ораничување во пристапот на американската воена технологија, доколку се реши да ги игнорира предупредувањата како членка на НАТО не би требало да набавува руска воен технологија.

Американсата процена е дека купувањето на системот С-400 претставува закана за нивните борбени авиони „ F-35“, па Вашингтон на Анкара ѝ дал до знаење дека не може да ги има и двете.

Писмото од челникот на Пентагон изрично наведува дека „нема да има нови обуки на пилотите“ за управување со авионите „F-35“, а таа одлука би требало да стапи на сила на крајот од јули. Според делови од писмото, годинава била планирана обука на овие летала на 34 турски пилоти.

„Таквата обука нема да се изврши, бидејќи одлучивме да ја суспендираме Турција од програмата“, се наведува во дополнувањето од посмото под наслов „Исклучување на Турција од учество во програмата F-35“. Шанахан во посмото, исто така, ѝ појаснува на турската страна дека во сегашнисте околности довршувањето на обуката ќе биде овозможена за пилотите кои веќе ја започнакл,а истовремено наведува дека Турција „сѐ уште има време да го промени ставот“ за набавката на систенот С-400.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот повтори дека не доаѓа предвид неговата земја да се повлече од договорот со Русија за купување на одбранбените ракетни системи С-400. Ердоган изјави дека американската понуда за продажба на системите „Patriot“ е задоцнета и не е доволно добра како руската понуда.

„Има одреден чекор кој го направивме, тука постои договори и ние сме доследни на него. Не доаѓа предвид да направиме чекор наназад“, рече Ердоган во врска со договорот со Русија. „За жал, американската страна не ни даде доволно добра понуда како што е онаа за С-400“, заклучи Ердоган.