Американското министерство за финансии ублажи во четвртокот дел од санкциите против Русија наметнати поради војната во Украина, дозволувајќи трансакции со руски ентитети во врска со набавки на храна, ѓубрива, семиња, лекови и медицинска опрема, според документот објавен на интернет страницата на министерството.
„Сите трансакции (…) во врска со производство, подготовка, продажба или транспорт на земјоделски стоки, опрема, лекарства, медицински препарати, резервни делови и компоненти или ажурирања на софтверот на медицински уреди“, се вели во документот.
Изземањето, исто така, се однесува и на превенцијата, дијагностицирање или третман на Covid-19, вклучително и спроведување неопходни медицински истражувања и тековни клинички испитувања, се наведува во одобрувањето.
Се појаснува дека станува збор за прехранбени производи за луѓе и животни, минерални и органски ѓубрива, семиња за сеидба, репродуктивни материјали за сточарство, лекови и медицинска опрема.
Покрај тоа, САД привремено дозволуваат операции со поранешната филијала на рускиот гасен гигант „Газпром“, германската компанија „Gazprom Germania GmbH“. Со тоа, изведувањето трансакции со „SEFE Securing Energy for Europe GmbH“ ќе биде овозможено до 16-ти декември 2022 година. Вашингтон, исто така, ги суспендира санкциите за филијалата на санкционираната руска „Алфа Банка во Казахстан, односно банката „JSC Alfa Ban“.
Руските житарки и вештачките земјоделски ѓубрива директно не беа опфатени со американските санкции, но Русија, по Украина, е вториот најголем светски производител на житарки, не може да го извезува своето производство и вештачкото ѓубриво што е неопходно за земјоделското производство во многу земји во светот, поради западните санкции воведени за финансискиот и логистичкиот сектор.