САД ги обвинуваат Кина и Русија за „координирање на дезинформациите“

Соединетите држави во петокот ги обвинија Кина и Русија за наводно „забрзување на пропагандната соработка“ во врска со коронавирусот, како и дека Пекинг сѐ повеќе ги „усвојувал руските техники на дезинформирање“.

„Пред кризата поврзана со Covid-19 веќе забележавме одредено ниво соработка меѓу Русија и Кина во врска со пропагандата“, изјавила за новинарите Леа Габриеле, координаторка на Центарот за анализи и созбување на странските пропаганди при Стејт департментот.

„Со оваа пандемија соработката силно забрза“, додала Габриеле во текот на видео-конференцијата со новинарите. Смета дека Русија и Кина сакаат да го „обликуваат толкувањето на пандемијата на Covid-19 со гледиште кое би било во нивен интерес“.

Кон крајот на март кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговито кинески колега по должност Кси Џиннпинг склучија неформално примирје во вербалната војна меѓу двете земји кога станува збор за потеклото на болеста, Вашингтон изјави дека е задоволен од тоа што Кина „повеќе на интернет не шири теории за заговор“ за наводното американско влијание врз пандемијата.

Но ова примирје беше кусо, па администрацијата на Белата куќа ги обвини кинеските власти дека во најмала рака прикривале информации за наводен инцидент во лабоаторијата во Вухан од каде избувнала пандемијата.

Стејт департментот сега смета дека Пекинг повторно ја „интензивирал својата кампања за дезинформирање, за да го одбани кинеското управување во епидемијата и да ги критикува САД“. Габриеле тврди и дека кинеските власт „ги прилагодуваат и сѐ повеќе ги користат техбикит со коишто Москва веќе долго се служи“.