САД и Турција ја координирале акцијата во Идлиб

Турските и американските воени власти размениле информаици и ја координирале акцијата во Идлиб, во Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

„Пред американската операција од изминатата ноќ во провинцијата Идлиб дојде до размена на информации и кординација на воените власти на двете земји, се наведува во соопштението на Твитер од турското министерство, пренесуваат британските медиуми.

Претходно, Сириските демократски сили (СДФ) кои се предводени од Курдите, соопштија дека соработувале со САД на „успешната“ акција против Исламска држава, мислејќи притоа, најверојатно, на извештаите за убиството на нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади.

Командантот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер наведе дека „историски успешната операција“ е резултат на заедничката разузнавачка работа со САД.

Во американската воена акција во Идлиб се верува дека е убиен лидерот на Ислмска држава ал-Багдади, пренесоа сите светски агенции, но засега нема официјална потврда за точноста на веста.